Турскиот претеседател Реџеп Таип Ердоган нагласи денеска дека на државата и се потребни ракетни системи земја-воздух С-400 од руско производство и дека ќе ги набави што е можно поскоро.

САД изразија загриженост поради тоа што Турција, сојузник во НАТО, планира разместување на С-400 што може да загрози безбедност на дел од американското оружје и други технологии што ги користи Турција, вклучително и воени авиони Ф-35.

Ердоган додаде дека на Турција и се потребни и Ф-35, но дека ќе ги купи од друго место ако САД откажат нивна испорака.