Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека раководството врз армијата може да биде доверено на министерот за одбрана, генералот Хулуси Акар.

Најавата на Ердоган, дадена за телевизијата Си-Ен-Ен Турк, доаѓа откако тој го распушти Врховниот совет на одбраната. Критичарите на Ердоган за овој чекор оценија дека може да води до директна контрола на претседателот врз вооружените сили. Една од најважните функции што претседателот ги презема од Врховниот совет се унапредувањата на офицерите.

Ердоган гледа со недоверба врз делови на турската армија по обидот за државен удар во 2016 година, по кој илјадници офицери беа разрешени или уапсени.