Турција нема да може да се справи со нов бран бегалци и мигранти од Сирија, ги предупреди европските земји турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека неговата земја нема да може повторно да ги контролира бегалците од бомбардирањата на режимот на Башар ал Асад во провинцијата Идлиб, која е под контрола на џихадистите.

Се проценува дека десетици илјади лица тргнале кон границата со Турција поради засилените воени удари од страна на сириските и руските воени сили од 16 декември.

Според турските власти, Европа ќе се соочи со истото сценарио како во
2015 година.

Турција на нејзина територија има пет милиони бегалци од 2011 година, од кои
3,7 милиони се од Сирија.