Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска замина на тридневна работна посета во Велика Британија.

Турските медиуми јавија дека тој, во рамките на посетата, планира да оствари средби со британската премиерка Тереза Меј и со кралицата Елизабета Втора.

Амбасадорот на Велика Британија во Турција, Доминик Чилков изрази надеж дека посетата ќе даде поттик за развојот на билатералните односи и ќе ја зајакне соработката за прашањата како што се борбата против тероризмот, организираниот криминал и илегалната миграција.

Ердоган планира да разговара со Мај за соработка во областа на трговијата, културата, безбедноста и одбранбената индустрија.

Тој, исто така, има намера да разговара и за ситуацијата во Сирија, Ирак и Кипар, како и за односите меѓу Турција и Европската унија.