Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предупреди дека повлекувањето на САД од Сирија мора да биде внимателно испланирано и со вистински партнери, истакнувајќи дека Турција е единствената држава, која има моќ и е подготвена да ја „изврши таа задача”.

Тој изјави дека Турција е „единствената земја”, која во Сирија би можела да работи и со САД и со Русија.

Според него, по воениот пораз на Исламската држава, првиот следен чекор во Сирија е да се создадат сили за стабилизација во кои ќе се најдат сите чинители на сириското општество.