Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, најави дека неговата земја ќе изгради 500 станови за жителите во Албанија кои катaстрофалниот земјотрес од 26 ноември ги остави без домови.

– Се надеваме дека нашите тимови ќе ја извршат работата на соодветните локации во Албанија и како турски браќа ќе изградиме 500 станови – изјави Ердоган.

Во меѓувреме продолжуваат големите донации на финасиски средства.

По еден од најбогатите Албанци во светот, вицепремиер и шеф на косовската дипломатија, Беџет Пацоли, кој донираше милион евра, средства во износ од 1,5 милиони евра донираше претседателот на компанијата „Кастрати“, Шефќет Кастрати.