Во Софија од вчера е прогласена епидемија на грип. Сите училишта во градот ќе бидат затворени до следниот понеделник, односно забраната за настава ќе важи од 28 јануари до 4 февруари.

Поради зголемен број на заболени од грип, епидемија на грип е прогласена и на територијата на Благоевград. Наставата во училиштата ќе биде прекината до први февруари. Епидемија на грип е прогласена и во Ќустендил, каде што наставата во училиштата ќе продолжи од 4 февруари.

Во трите окрузи е издадена и мерка за прекинување на работата на советувалиштата за деца и жени, а забранети се и посети во здравствените установи за болничка нега.

По формирањето посебен кабинет за заболени возрасни лица од грип, во Клиничкиот центар во Софија е отворен детски кабинет. Според изјавата на раководителката на педијатриски оддел Ирене Цочева, во посебниот оддел пациентите до 18-годишна возраст ќе бидат прегледани бесплатно и без упат од матичниот лекар. Единствениот услов е да се пријават во детскиот регистар, каде што пациентите ќе бидат насочувани кон специјалниот кабинет.