Во таверна во грчкиот град Каламати експлодира боца со плин при што загинаа три жени, соопшти полицијата.

Трите жени од кои две биле вработени во тој угостителски објект, а една била сопруга на сопственикот, биле во несвест кога биле префрлени во болница каде им подлегнале на повредите.

Експлозијата предизвикала пожар што бил локализиран од противпожарен тим. Ниту еден од гостите во таверната не е повреден.