Екипа на турската државна телевизија ТРТ синоќа била накратко приведена во грчкиот град Александрополис. 
  
Репортерот Фатих Сабунджу, камерманот Уфук Карагјул и уште еден вработен во медиумот – Метин Талу биле уапсени за време на пробно емитување по повод втората годишнина од обидот за преврат на 15 јули 2016 година. Три и пол часа подоцна тројцата биле ослободени. 

Сабунджу изјави дека немало причина за нивно приведување и дека тие биле ставени во притвор без да бидат сослушани.

– Сум работел во многу земји, но не сум видел вакво однос во земји, кои човек би ги нарекол најзападните во светот – коментира тој, додавајќи дека е „шокантен” ваквиот третман во една европска земја.