Албанскиот премиер Еди Рама за време на вчерашната парламентарна седница беше гаѓан со брашно поради апсењата на лицата што протестираа против воведувањето патарини на автопатот меѓу Косово и Албанија. Кон Рама беа фрлени брашно и јајца, поради што седницата во неколку наврати беше прекината. По инцидентот, беше принудено да реагира и обезбедувањето, кое отстрани од салата неколку пратеници од редовите на опозицијата, јавија албанските медиуми. Тензинчната атмосфера во Собранието на Албанија беше иницирана од албанската опозиција, на чело со Лулзим Баша. Според јавувањата на медиумите од Албанија, кон Еди Рама биле фрлени тврди предмети, како шишиња со вода и јајца.