Еден од двајцата мажи остана на инфективното одделение во Општата болница во Шабац, поради сомнение дека би можел да е заразен со коронавирус, додека другиот е пуштен дома.

Едниот хоспитализиран некое време престојувал на Тајланд, а другиот пред неколку дена се вратил од Милано во Италија.

Како што пренесе „Блиц“, болницата во Шабац потврдила дека човекот кој пристигнал од Тајланд, по анализите е пуштен од болница, додека патникот од Милано е задржан, а неговите анализи се испратени на Инситутот за јавно здравје во Белград и наскоро се очекуваат резултати.