Претставници на европските институции се повторно во Грција за да го проверат текот на економските реформи во земјата, три недели откако заврши третата меѓународна спасувачка програма за земјата, пренесува БТА.

Петдневната инспекција, која започна денеска, се очекува да се фокусира на ветувањата на Владата, дадени за време на викендот, да воведе даночни олеснувања, како и плановите за укинување на намалувањето на пензиите, што треба да стапи во сила од 1 јануари.

Крајот на спасувачката програма значи дека Грција треба да се врати на меѓународните пазари на капитал.