Европската перспектива на Западен Балкан останува во фокусот на ЕУ, беше заклучено на крајот на дводневната конференција на пратениците на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика.

Пратениците на ЕУ се согласија дека е неспорно значењето на интеграцијата на земјите кандидати од Југоисточна Европа во ЕУ поради стабилност на регионот и Европа

Министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел, како и извршниот директор за Европа и централна Азија на европската дипломатска служба Томас Мајер Хартинг рекоа дека „постои нова динамика во пристапниот процес, која треба да се искористи“.

Канјсел истакна дека Западен Балкан е дел од Европа и оти треба поради тоа да се нарекува Југоисточна Европа.

Таа подвлече дека ЕУ не може да биде комплетна без интеграција на регионот, истакнувајќи дека историјата покажува оти иднината на Југоисточна Европа мора да биде во ЕУ.

Предизвиците на процесот на пристапување, според неа, се високи, укажувајќи на емиграцијата од регионот.

– Заминувањето на младите води кон тоа денес гробиштата да се полни, селата празни, објасни таа.

Кнајсел констатираше дека и натаму етничка припадност е пред придонесот, и дека сега е важно да се воспостави „меритократија”.

Според неа, сегашната динамика треба да се искористи, бидејќи процесот на пристапување на Југоисточна Европа треба итно да биде еден „продор“, а клучот за тоа е политиката.

Таа посочи дека земјите од регионот се поканети да ја искористат подадената рака на Европа и да спроведат регионално помирување и да ги надминат пречките од минатото.

Мајер-Хартинг истакнува дека зоната на стабилност и мир треба да се прошири на Западен Балкан.

Говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, тој истакна дека идниот договор мора да води кон целосно признавање на Косово од страна на Србија.

Наведувајќи ги проблемите на сите земји од регионот, Мајер-Хартинг, оцени дека пристапувањето на државите до 2025 година е амбициозна цел.

– За да се успее во тоа, неопходни се напори на земјите од регионот. Борбата против корупцијата и изградбата на владеењето на правото имаат најголем приоритет во овој поглед, рече тој.

Постои нов фокус на стратешката важност на можноста за проширување, истакна претседателот на Комитетот за надворешно-политички прашања на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.

Тереза Теглхофер, портпаролка на Алфред Опенхајм центарот за европски прашања на иднината, оцени дека поради зголеменото незадоволство и бесперспективност на граѓаните во регионот, има потреба од забрзување на процесот на пристапување.

Во дискусијата пратениците истакнаа дека Западен Балкан е дел од Европа и оти сегашниот, поволен момент мора да се искористи.

– Нема стабилноста на Европа без стабилност на Западен Балкан, рекоа учесниците на состанокот.

Делегациите на Србија и Шпанија не сакаа да учествуваат на овој собир поради третманот на Косово, што, според нив, не е во согласност со меѓународните договори.