Хрватска

Хрватска сигурно не е во идеална позиција да ја продолжи хуманата политика кон мигрантите од 2015 година, кога Германија беше подготвена да ги прими во поголем број

За да се види каква е новата хрватска политика кон мигрантите, таа треба да се стави во поширок „европски“ контекст, во кој Хрватска ќе се препознае како ударна тупаница на политиката што се спроведува од Европската Унија. Сета таа бруталноста кон мигрантите, за употребата на пендреци, уништувањето мобилни телефони, одбивањето на барањата за азил, нелегалното депортирање во Босна и Херцеговина, општата дехуманизација на мигрантите, која е проследена со мачниот процес на беззаконие и кршење на правата на човекот, не е само хрватска политика туку е и европска. На ова предупреди и народната правобранителка Лора Видовиќ, во разговор за Н1, која рече дека сето тоа е „европска политика“.

„Индекс“ посочува на уредничкиот коментар објавен во „Шпигел“, со наслов „Европскиот третман кон мигрантите е срамен“, во кој се посочува дека „европската политика кон мигрантите е побрутална од онаа на Доналд Трамп“. Како пример се наведува соработката на ЕУ со либиската полиција, која ги води мрачните логори во кои мачењето и силувањето на мигрантите е вообичаено.

Има многу докази за ваквата европска политика, како што е молчењето на Брисел за она што се случува на хрватската граница кон БиХ или пофалбите на германскиот министер за полицијата за заштита на надворешните граници на ЕУ, иако е сосема јасно дека хрватската полиција на границата систематски практикува илегални отстапки. Можно ли е хрватскиот премиер Пленковиќ, кој е опседнат со одобрување од Брисел и Берлин, да спроведува ваква политика кон мигрантите доколку ја нема премолчената поддршка, се прашува коментаторот на „Индекс“.

Дека станува збор за европска политика се гледа и во однесувањето на словенечката и на хрватската полиција. Словенците им ги предаваат илегалните мигранти на хрватските власти, кои ги „испорачуваат“ до зелената граница кон БиХ. Тоа е докажано и во снимките на швајцарската државна телевизија. Затоа, цинично е да се повикуваат на одредбите на Даблинскиот протокол, кој го регулираат тематската миграција и азил, затоа што овој протокол целосно се распадна во текот на бегалската криза во 2015 година.

Особено е лицемерен односот на ЕУ кон БиХ, која е едвај функционална држава, но која полека станува примамлива за мигрантите. Европската Унија сака да дели совети за властите во Сараево, за тоа што треба да прават кога е прашање за мигрантите, но не е подготвена да испрати доволно пари за да може сиромашната БиХ да се справи со овој проблем. Брисел на овој начин придонесува во БиХ да се наталожи уште еден фактор на нестабилност.

Во ваков европски и меѓународен контекст, Хрватска сигурно не е во идеална позиција да ја продолжи хуманата политика кон мигрантите од 2015 година, кога Германија беше подготвена да ги прими во поголем број. Промената на оваа политика е потребна, но сето она што се променува од актуелната политика во Хрватска, за што „навива“ и претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ, е најлошо од сите опции, затоа што резултира со дехуманизација на самата Хрватска. Наместо да се однесува дека сѐ е регуларно на босанско-хрватската граница и за да се прикриваат системското насилство и кршење на законите, Хрватска треба посилно да алармира дека мигрантската криза не е ни приближно завршена и отворено да покаже дека не е „обезбедувачот“ на ЕУ.

Интересот на Хрватска во овој случај е јасен: таа да не биде оставена сама да ја извршува туѓата работа. На крајот на коментарот во „Индекс“ се заклучува дека постои подобар пристап од сегашната мигрантска политика на ЕУ, така што вината за бруталното однесување кон мигрантите не треба да биде само на сиромашните земји на периферијата туку и на сите членки на европската заедница.