Сараевската полиција утрово добила дојава за бомба поставена во зградата на Кантонскиот суд во Сараево.

Од Оперативниот центар при Министерството за внатрешни работи во Сараево наведуваат дека е во тек контрадиверзионен преглед во зградата на судот, пренесе новинската агенција „Онаса“.

Оттаму соопштија дека вработените во зградата се евакуирани.