Праќањето турски брод за дупчење нафта во подрачјето на кипарскатата престолнина Никозија, лиценцирано за истражување на јаглеводород, претставува опасна ескалација во акциите на Анкара што ги кршат суверените права на Кипар, соопштија кипарските власти.

Турција испрати брод за дупчење нафта и гас во водите јужно од Кипар, каде што властите на грчкиот дел на островот веќе им доделија права на истражување на италијански и француски компании.

Бродот „Јавуз“ запрел утрово на 51 наутичка милја југозападно од Кипар.