Албанската опозициска демократска партија обвини дека дрогата и перењето пари од криминални организации со поддршка на владата, се двете главни причини што Албанија не добила почеток на преговири со ЕУ,ниту тоа ќе го добие и во јуни 2019 година. 

Изнесувајќи го ставот на партијата, пратеникот Фљамур Нока, изјави дека според официјалната статистика на италијанската полиција во Албанија продолжува да се произведува марихуана во големи количини што е потврда повеќе дека Еди Рама лаже кога вели дека Албанија ја избришал од мапата на земји каде се произведува марихуана.

– Во првите четири месеци од годинава во Бари запленети се 10 тони марихуана,која не е старо производство, туку произведена е последните месеци, во период кога Рама прогласи победа против одгледувањето дрога. Странските медиуми пишуваат дека парите од дрогата се пари на политиката на власт- изјави Нока.

-Борбата против призводството и трговијата со дрога е еден од условите кои ЕУ и ги постави на Албанија,со цел да се донесе одлука за започнување преговори во јуни 2019 година. Сигурно е дека нема да се случи ништо од она што очекуваат Албанците за ЕУ,бидејќи Еди Рама е најголемиот добитник на пари од производството и трговијата на дрога- обвини Нока.