Државната изборна комисија во Хрватска официјално го прогласи Зоран Милановиќ за победник на претседателските избори во Хрватска, откако беа преброени гласовите од сите 6.533 избирачки места.

Милановиќ во вториот изборен круг доби 1.034.389 гласови, а неговата колешка Колинда Грабар-Китаровиќ доби 929.488 гласови.

Од 3.734115 гласачи, на изборите излегле 2.053.848, што е 55 проценти.

Невалидни гласачки ливчиња се 89.415 или 4,35 проценти.

Претседателот на изборната комисија, Дуро Сеса, на прес-конференција оцени дека седмите претседателски избори поминале во уредна и мирна атмосфера.