Претседателот на Одборот на Собранието на Србија за Косово Милован Дрецун, оцени дека претседателот на Србија Александар Вучиќ во посетата на Косово на 8 и 9 септември ќе каже како се одвива дијалогот со Албанците и ќе понуди рамки за решение на косовското прашање.

– Веројатно ќе понуди рамка за решение како тој гледа на тоа, и треба да се сослуша мислењето на претставниците на српскиот народ кои ќе бидат таму, да се отвори дискусија за да знае како треба понатаму да се работи – изјави Дрецун за РТС.

Тој нагласи дека во Вашингтон постои иницијатива за постигнување договор меѓу Белргад и Приштина што е голем пресврт кој може Србија да го искористи.

– Ако овојпат не ја сфатиме историската шанса и не го сфатиме значење за постигнување договор со Албанците, ќе направиме историска грешка што ќе се одрази на иднината на српскиот народ и ќе нė воведе во нови страдања – изјави Дрецун.

Тој додаде дека нема дилеми дека меѓу Албанците постојат несогласувања како да се продолжат преговорите. Дрецун смета дека во преговорите Белград – Приштина клучна улога ќе имаат САД