Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ја обвини Британија дека се обидува да ја дестабилизира Босна и Херцеговина, и дека за таа цел испратила експерти во Бања Лука.
– Станува збор за експерти што дејствуваат на социјалните мрежи, во медиумите, кои прислушуваат, и чија цел е да создадат општ хаос и дестабилизација, пред сѐ во Република Српска – обвини Додик.
Според него, станува збор за дел од проект на британската влада, за кој се издвоени девет милиони фунти, номинално за да се сузбие руското влијание на Балканот.
– Граѓаните мора да бидат свесни дека не може да сметаат на добронамерноста на Британците, и дека ова се прави за да се создаде унитарна и централизирана Босна и Херцеговина – додаде Додик.