Претседателот на Република Српска и новоизбран член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик во интервјуто за белградскиот весник „Ало“ оцени дека е претерано се она што им се прави на Србите на Балканот.

– Во Македонија и Црна Гора ни се одземаат црквите. Во Хрватска се фалсификува историјата, се слави Степинац и се напаѓа Александар Вучиќ, чија политика ја поддржувам, изјави Додик.

Според него, Албанија и Косово се интегрираат со премолчена поддршка на Западот, додека од Германија порачуваат дека Косово е завршена приказна.

– Не може човек кој сериозно се занимава со политиката, да не го уважи она што она што мисли (германската канцеларка) Ангела Меркел, но она што Германија го застапува, не е коректно и не е фер кон Србија, вели Додик во интервјуто за „Ало“.