Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик во Тирана, каде што учествува на Самитот на процесот Брдо-Бриони, рече дека изјавите на првите луѓе на Албанија и Косово за национално обединување и отворање на границите се неприфатливи, бидејќи ги загрозуваат разговорите и не придонесуваат за решавање на отворените прашања.

Одговарајќи на новинарски прашања, Додик рече дека и српскиот претседател Александар Вучиќ и тој, исто така, можеле да одржат состанок за национално обединување, како што тоа го сториле албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи, и запраша како меѓународната заедница тогаш би реагирала.

Додик рече дека босанскохерцеговскиот ентитет на Република Српска (РС) ја поддржува Србија кога станува збор за Косово и дека води сметка да не „долева масло на огнот”.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, вчера објави на Фејсбук дека во Тирана разговарал со албанскиот премиер, Еди Рама, за потребата од целосно отворањето на границите меѓу Косово и Албанија и формирање „албански простор без граници, под евроатланско покровителство”.