Таксите на Приштина за српските стоки, првобитно во износ од 10 отсто, а по 12 дена и од цели 100 проценти, веќе се во сила точно една година.

Одлуката на Приштина уследи по одбиеното членството во Интерпол, на заседание на Генералното собрание на организацијата во Дубаи.

Со мерката е нанесена значителна економска штета на двете страни од границата (се проценува дека, но уште повеќе политичка, бидејќи го блокира дијалогот меѓу Белград и Приштина. Српските медиуми нагласуваат дека веднаш беше јасно оти не станува збор за економска туку за политичка мерка.

Целта на мерката беше принудување на Србија да ја запре кампањата на Белград за повлекување на признавањето на косовската независност пишува „Политика“. Таквата дипломатска активност на Србија годинава резултираше со повлекување на признавањето на Косово од страна на 15 држави.

Но, таксите го блокираа дијалогот, а Приштина остана упорна, иако Брисел, Вашингтон и речиси целата меѓународна заедница, бараа нивно укинување, очекувајќи, истовремено, и Белград да ги запре активностите за повлекување на признавањето.