Нова рунда од дијалогот меѓу претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи ќе се одржи в среда на 18 јули, соопшти Кабиентот на високата преставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Во соопштението се посочува дека Могерини дека ќе биде домаќин на новиот состанок во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Могерини со Вучиќ и со Тачи ќе го разгледа напредокот во досегашниот тек на разговорите на договорот за сеопфатна нормализација на односите и плановите за следните чекори и состаноци, со цел да се обезбеди гаранција дека двете страни ќе ги продолжат разговорите со интензивно темпо, информира портпаролката на високата преставничка на ЕУ, Маја Коцијанчиќ.