Политичката расцепканост се одразува на поделениот здравствен систем во БиХ

Поделеноста на надлежностите во областа на здравството, според принципите на Дејтонскиот договор, се манифестира преку отстуство на координнирани активности од централно ниво на власт во БиХ

Некоординираното функционирање на институциите во Босна и Херцеговина поради поделбата на власта на повеќе нивоа се одразува и во појавата на првите заболени од коронавирусот. Во земјата се потврдени 18 заразени лица, а кантоните и ентитетите донесуваат посебни мери, без да биде формиран кризен штаб на ниво на државата. По евидентирањето на првите случаи на заразени, здравстените институции реагирале според своите надлежности, без прецизни упатства од федералната власт, а причината за тоа е сложената структура на власта, која се базира на принципите на Дејтонскиот договор, според кој за здравствените проблеми се надлежни пониските нивоа на власт, односно ентитетите, кантоните и Дистриктот Брчко. Препораките кои беа утврдени од владата на Република Српска, не беа опсорувани од пониските нивоа на власт.

Но тоа не беше случај во Фе­дера­цијата на БиХ, затоа што некои од кантоните (Херцеговсконеретванскиот и Западнохер­цеговскиот кантон) на почетокот ги игнорираа препораките на федералниот Кризен штаб. Препораката за прекунавање на наставата во училиштата не беше спроеведена во исто време во сите кантони, пишува „Дојче веле“.
Докторот Бакир Накаш не е задоволен од начинот на кој државата БиХ реагирала на опасноста која ја носи коронавирусот, бидејќи сите активности се препуштени на ентитетите и Дистриктот Брчко.
– Кризните штабови делуваат секојдневно и во континуитет. Меѓутоа, во нивниото делување има недостатоци, а најважно е отсуството на координација на сите нивоа. Се чини, ентитетите сакаат да се однесуваат како држава. Про­пи­шуваат препораки во одвоени постапки, така што нема збирни податоци за бројот на заболените , на тестираните и изо­лираните лица во БиХ – вели Накаш.
Тој предупредува на „расцепканоста“ на политичкиот систем во БиХ и на системот на здравствена заштита, посебно во ФБиХ.
– Едни исти мери доцнат и по неколку денови што поволно делува на ширење на епидемијата. Добар пример е Кина, а лош е Италија. Ние ги повторуваме истите грешки од нашите соседи. Тоа што загрижува е што Кризните штабови издаваат препораки, наместо наредби кои би имале прецизно време за почеток, траење и крај на тие мери вели Накаш за „Дојче веле“.

Претседавачот на Советот на министри на БиХ Зоран Тегетлија тврди дека епидемијата е под контрола, но граѓаните не го делат остото мислење.
– Можеме само да се надеваме дека ќе не заобиколи трагедијата. Ова повеќе ми изгледа како вежба за предизборна кампања на владејачките партии кои ќе се претстават како наши спасители од коронавирусот – вели сараевчанецот Љ. Џ. , во изјава за ДВ.

Социологот Иван Шијаковиќ, од Бања Лука, смета дека административните единици на пониското ново на власт, барем во формална смисла добро се организирале во намалување на ризикот од ширењето на епидемијата.
– Ќе видиме колку ова ќе има позитивен ефект. Тешко е да се очекува дека ќе биде пружена добра заштита во смисла на подобри медицински услуги и средства на заштита, затоа што е слаб целокупниот медицински систем во БиХ. Воочливи се административната и политичката расцеп­каност во БиХ. Но ова искуство може да биде и корисно за граѓаните, затоа што лу­ѓето од власта конечно мораат да разберат дека мораат заеднички да делуваат кога ќе настапи, невидливиот непријател, кој е подеднакво опасен за сите – вели Шија­ковиќ.