Демонстрантите кои бараат оставка од владата и државниот обвинител се собраа на новите протести во Софија. Демонстрантите го запреа сообраќајот недалеку од зградата на Националното собрание, скандирајќи пароли како „Оставка“, пренесува БТА. Премиерот Бојко Борисов неделава по двонеделните протести ја реконструираше владата, но демонстрантите и натаму бараат оставка на целата влада. Претседателот, Румен Радев, исто така побара оставка од владата пред околу десетина дена.