Непознати лица, во четири различни атински населби, за помалку од половина час, нападнале и нанеле штета врз две канцеларии на Нова демократија и врз две филијали на банки, а грчката полиција привела 25 лица.
Од Нова демократија преку соопштение велат дека ова е петти пат, за неколку дена, нивните канцеларии да бидат цел на напади.
– Очигледно е дека Нова демократија нема да се исплаши од никого и ќе продолжи порешително со борбата против беззаконието, за чувството на безбедност да се зајакне секаде – соопштуваат од грчката владејачка партија.