Девет лица се повредени кога комбе, под засега неутврдени околности, утрово излетало од патот и влетало во продавница во Приштина.

Сите повредени се пренесени во Универзитетската клиника.

На местото на настанот се излезени полициски екипи кои работат на утврдување на околностите кои доведоа до несреќата.

Возачот на комбето е приведен на испитување во станица и со него ќе се постапува согласно препораките на државниот обвинител, соопшти полицијата.