Двајца баратели на азил синоќа направиле хаос во центарот на Загреб и дивееле во трговскиот центар „Импоран“.

Поради инцидентот, полицијата веднаш интервенирала, апсејќи ги двајцата, по што ги одвела во полициска станица.

Таму било утврдено дека станува збор за 34-годишен државјанин на Алжир и негов малолетен пријател од Либија, кои во текот на вечерта во видно алкохолизирана состојба го нарушувале јавниот ред и мир.

Според полициското одделение во Загреб, двајцата одбиле алкотест, а на телата имале повеќе видиливи повреди, што било дополнителен мотив за темелно да се испитаат околностите што довеле до нивното дивеење пред граѓаните.

– И двајцата се поврзани со извршување на повеќе кривични дела. Малолетникот и во службените простории продолжи да го нарушува јавниот ред и пружајќи активен отпор се обидуваше да ја напушти станицата, па полицајците над него применија средства за присила – откриваат од загрепската полиција.

Сепак, приведените не се смириле, па малолетникот во еден момент нападнал полициски службеник, гризејќи го за раката, по што го скршил и стаклениот дел од вратата во станицата.

На крајот, морала да интервенира брзата помош, која малолетникот од Либиан го однела на лекување поради исеченици во Клиниката за детски болести, а помош му била укажана и на гризнатиот полицаец.