Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, најави дека следната недела ќе го соопшти името на 15-та држава која ја повлекла одлуката за признавање на независноста на Косово.

Дачиќ за РТС вели дека во овој момент помалку од 100 држави ја признаваат независноста на Косово.

По повод најновите случувања на Косово, каде на остатоците од православната црква Свети Никола на Ново Брдо, на средновековната српска тврдина, истакнати се косовски знамиња, Дачиќ вели дека меѓународната заедница со Резолуцијата на ОН 1244, се обврзала дека ќе го сочува српското културно-историско наследство на Косово.

Дачиќ се осврна и на потегот на ексшефицата за дипломатија на ЕУ, Федерика Могерини, која на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и земјите кандидати за членство во август во Хелсинки ги повикала претставниците на Приштина, наведувајќи дека е првпат во пракса повикана територија која е далеку од статус на кандидат за членство во ЕУ.