Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, коментирајќи ги денешните изјави дека во Приштина се разгледува можноста за демаркација на границата со Србија, изјави дека тоа не може да се стори еднострано и дека за демаркација е неопходен договор на двете страни.

– Каква демаркација, добро знаете дека постои административна линија кој речиси 20 години ја користи КФОР. Нема дилема дека сакаме да постигнеме компромисно решение. Дијалогот ќе продолжи во септември – изјави Дачиќ на прес конференција, додавајќи дека доколку косовските власти мислат дека е компромисно решение припојувањето на општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа на Косово, тогаш тие воопшто „не ја разбираат состојбата во кој се наоѓаат“.

Тој ги окарактеризира како празни приказните за тоа дека се е готово и завршено во врска со Косово.

– Сакаме најмалку лошо решение за сите – изјави Дачиќ.

На прашањето на новинарите за можниот референдум за Косово, Дачиќ одговори дека „се наоѓаме на крајот од почетокот на ова преговарачко поглавје и трагаме за креативни реченија, како што вели американската администрација“.