Грчки државјанин, кој на мотор превезувал 33 килограми и 523 грама канабис што ги презел на граничен премин со Македонија, е уапсен на територијата на Грција за внесување и трговија со канабис, објавува МИА.

Уапсениот бил забележан во поширокиот регион на Идомени, а канабисот бил спакуван во 31 пакување, како што соопшти грчката полиција. Според грчките медиуми станува збор за државен службеник вработен во општина.

При претрес на домот на уапсениот биле откриени и запленети воздушен пиштол, 12.000 евра и 12 кутии анаболични супстанции. А бил запленет и неговиот мотор, за кој било констатирано дека е со украдени регистарски таблици.