Група од околу 30 анархисти со палки ги искршиле прозорците на две банкарски филијали и на 11 продавници синоќа во центарот на Атина, пренесува весникот „Катимерини“.

Според полициските извештаи, вандалите се собрале во кампусот на Правниот факултет на Атина, а потоа се упатиле на улиците „Вукурестиу“ и „Валаориту“ каде што ги искршиле излозите на продавниците.

Тие исто така расфрлале флаери и извикувале слогани за поддршка на осудениот терорист Димитрис Куфодинас, кој штрајкува со глад поради одбивањето на неговите барања да му биде дозволено отсуство од затворот.

Полицијата привела 15 лица, од кои 12 утрово биле пуштени на слобода поради немањето на инкриминирачки докази. Останатите три лица не биле поврзани со настанот.