Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во синоќешното телевизиско обраќање истакна дека „најлошото допрва доаѓа“, а претставничката на градските власти во Атина, Елени Миривили, ги опишуваше „апокалипсичните“ глетки откако куќи и села североисточно од главниот грчки град беа уништени во пожарите. Според нивните изјави јасно е дека грчките власти воопшто не се обидуваат да ја ублажат тешката ситуација со нивните коментари, кога зборуваат за справувањето со пожарите.

– Имаше неверојатна борба со огнот. Небото беше сиво и црвено и пепел паѓаше врз нас. Тоа беше апокалиптично. Чадот влезе во мојата куќа и морав да спијам со маска бидејќи не можев да дишам. Ви снемува здив и набргу се чувствувате зашеметено и се ви е замаглено – кажа Мирвили во изјава за радио „Би-би-си“.

За несреќа, најлошото допрво доаѓа и ноќта што доаѓа делува застрашувачка, кажа Мицотакис во синоќешното обраќање, апелирајќи до населението да ги почитува препораките за евакуација, која се вршеше на подрачјата погодени од пожарите.

Во грчката област Атика беснее голем пожар а гори и во Евија, Илија и Месинија. Утрово жителите на Капандрити, Полидендрија и областите Агиос Стефанос, Пефкофито и населбата Понтија добиле порака да ги напуштат своите домови, пренесува грчки „Етнос“. Синоќа околу 23 часот, жителите започнаа да ги напуштаат Агиос Стефанос, Капандрити и Полидендри.