Грција соопшти дека е решена да ги заштити своите граници откако мигранти се обидоа да влезат во земјата од Турција.

– Владата ќе стори сѐ што може за да ги заштити границите – рече портпаролот Стелијо Петсас пред новинарите.

Тој истакна дека Грција била соочена со организирано, масовно и незаконско кршење на државната границата, но земјата успеала да се носи со предизвикот.

– Ние ги заштитивме нашите граници и границите на Европа. Спречивме 4.000 нелегални обиди за влез – додаде тој.

Турција објави дека ќе почне да ги пушта мигрантите во Европа откако повеќе од 30 нејзини војници загинаа во воздушен напад во сирискиот регион Идлиб.

Грчката полиција пукаше со солзавец кон мигрантите кои се собраа на границата со Турција и сакаа да влезат во земјата.

Снимки на грчката телевизија Скај од преминот Кастијанс ја прикажуваат грчката интервентна полицијата како гаѓа со солзавец кон групи мигранти кои фрлаат камења.