Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос упати порака до Турција дека неговата земја е заговорник за мирот и пријателството меѓу народите и цврст гарант на меѓународните и европските текови, пренесе грчката агенција „АНА-МПА“.

– Мораме да ја браниме оваа цивилизација, особено денес во рамки на големото европско семејство, а против оние кои ја поткопуваат европската творба, корените и нејзината култура. На основа на наследството на овие цивилизации, мораме да испратиме до сите, а особено до нашиот сосед Турција, порака дека сме заговорници на мирот и пријателството помеѓу народите – истакна Павлопулос.