Владата на Кирјакос Мицотакис, вечерва, по тридневна расправа, ја освои довербата на грчкиот парламент со 158 гласа „за“ и 142 „против“, пренесува „Катимерини“.

Во своето обраќање пред гласањето, Мицотакис рече дека неговата влада “нема да ги изневери очекувањата на народот” и вети дека ќе стори сé што е во негова моќ за да ги подобри животите на граѓаните.

Тој наведе дека клучен предизвик за Грција ќе биде да произведе повеќе богатство и правилно да го распредели.

Исто така, додаде дека ќе ја почитува неговата предизборна заложба за повторно воспоставување на законот и редот, со цел граѓаните да се чувствуваат побезбедно.