Грција ја зајакнува безбедноста на својата копнена граница со Турција, која илјадници мигранти ја користат за да влезат во Европа.

На таа граница се распоредени дополнителни чувари поддржани со мрежа на моќни надзорни камери, соопштија властите.

Земјата се бори со голем пораст на миграција преку Турција и стана главна точка на нивното влегување во Европа, пренесе АП.
Камповите за мигрантите на грчките острови се преполни, а оваа недела е најавено поставување ограда, која би ги блокирала мигранстките бродови во Егејското Море.

На североисточната копнена граница со Турција, која главно оди покрај реката Еврос, војската и полицијата поведоа заедничка патрола, а полицијата ќе ангажира уште 400 граничари, рекле властите.

Грција веќе постави ограда долга 10 километри по должината на делот на границата, каде што реката го менува курсот, но остана дел сува земја преку која мигрантите лесно може да преминат. Камерите ќе бидат поставени на столбовите високи 50 метри, а секоја ќе може да покрие 10 километри од границата долга 200 километри.