Грчката влада објави нов систем на управување со миграцијата, преку преместување на 20.000 баратели на азил од островите на копно веќе следната недела, укинување на постоечките отворени кампови на островите, а уредувањето на објектите за сместување со притворски карактер.

Заменик-министерот за одбрана, Алкивијадис Стефанис, ги објави промените по големиот пораст на пристигнувања на мигранти од соседна Турција, така што во некој случај мигрантите и бегалците го надминуваат бројот на жителите на островите на кои пристигнуваат, пренесува АП.

Импровизираните бегалски кампови на Лезбос и на уште четири острови во источното Егејско Море драматично се преполнети во пресрет на уште една зима. Стотина семејства спијат во шатори надвор од објектите.

Планираните промени се најголеми од 2016 година, кога беше постигнат договор меѓу Турција и ЕУ, за ограничување на доаѓањето на мигрантите од истокот во Европа.