Грките научници дискутираат за потребата за именување и рангирање на топлотните бранови поттикнати од високите летни температури и шумските пожари кои ја зголемија загриженоста за климатската криза, пренесува „Гардијан“.

Превентивната мерка би им овозможила на надлежните институции и на погодените подрачја да бидат подобро подготвени за појавите кои експертите ги опишуваат како „сериски убијци“.

Грција од јуни искуси два периода на екстремна топлина, кои беа невообичаено интензивни и со долго траење. Новиот пораст на температурите предизвика пожари во Атина, со што се јави мислење дека појавата на екстремно жешкото време била потценета.

– Ова исклучително жешко лето пружи увид во климата која се очекува во следните 20 или 30 години кога веројатно ќе имаме долги периоди на многу високи температури. Екстремното однесување на климата би можело да стане норма. А за разлика од другите временски појави, екстремната жештина не е видлива – вели д-р Костас Лагувардос, истражувачки директор на Националната опсерваторија во Атина.

Според него, клучно е властите и граѓаните да бидат свесни за опасностите.

– Веруваме дека луѓето би било подобро подготвени за соочување со временските услови ако тие имаа имиња. Така би стекнале поголема свесност за можните проблеми за нивните животи и имоти… топлотните брранови можат да предизвикаат многу смртни случаи. Тие не создаваат врева и можеби не се видливи, но тие се тивок убиец – смета Лагувардос.

Грција се соочува со екстремна жештина и шумски пожари во изминатите месеци, како и целиот регион на Јужна Европа, додека Атина е најтоплата метропола на Стариот Континент. Рекордот за највисока температура во Грција со измерен 47,1 Целзиусови степени беше забележан во северниот дел од државата.