Грција отворила оган кон чамец што превезувал цивили покрај островот Родос во Егејското Море, изјави Командата на турската крајбрежна стража за „Анадолија“.

Во соопштението командата соопшти дека двајца турски и еден сириски државјанин се повредени, а чамецот потонал поради нападот. Во него се наведува дека нападот се случил во грчките води, 7,2 наутички милји од турската провинција Мугла.

Во извештајот се наведува дека по нападот била испратена екипа за итни случаи од четири брода и тим за нуркање. Повредените биле однесени во државната болница во Мармарис.

Тензиите во регионот се во пораст како резултат на истражувањето и дупчењето на изворите на природни ресурси во Средоземното Море. Анкара ја обвинува Грција за спроведување максималистичка политика во источен Медитеран и потенцира дека нејзините поморски побарувања ги кршат суверените права на Турција.