Грција планира да обезбеди околу девет милијарди евра државни гаранции како помош на банките за намалување на заостанатиот долг што го влече надолу нивниот биланс, како што велат експерти по ова прашање.
Иницијативата, која е слична на успешната програма што беше воведена во Италија, зависи од одлуката на европските атнимонополски власти, кои треба да утврдат дека помошта е во согласност со законите.

Се очекува Европската комисија да донесе одлука во наредните неколку недели.
Грчките банки, кои се најзадолжени во Европа, имаат околу 75 милијарди евра застарен долг, притоа имаат зголемени трошоците за провизии и ограничени капацитети за нови кредити. Новата програма може да ја намали оваа бројка за барем 20 милијарди евра.
Грчките банки ќе имаат рок од најмалку 18 месеци да ја користат програмата.

Сè уште не е познато колку време ќе им биде потребно на банките да почнат да ја користат новата програма доколку за неа се добие дозвола. Меѓутоа, еден експерт вели дека влогот што банките треба да го дадат за програмата може да ја намали инцијативата за истата да ја користат.