Грција дала 5.000 „златни визи“ на странци кои инвестирале во недвижности во вредност од над 250.000 евра, јави агенцијата АНА.

Во текот на првата година, побарувачката за визи се зголемила од 400 на годишно ниво на 50 дневно, со приходи кои надминаа 1,5 милијарди евра.

Програмата „Златна виза“ главно ја користат азиските граѓани, особено кинеските, како и Арапите и Русите.