Група Словенци протестираа денеска пред зградата на Европскиот парламент против премиерот Јанез Јанша, барајќи заштита на владеењето на правото во Словенија, која го презеде претседателството со Советот на Европа на 1 јули.

– Почнавме протести откако Јанез Јанша покажа дека не ги почитува демократијата и владеењето на правото. Тој ги напаѓа медиумите, невладините организации, партнерите… Во моментов, социјалниот дијалог е мртов во Словенија. Ние се бориме против тоа. Европскиот парламент испрати јасен сигнал дека Словенија не смее да стане новата Унгарија и Полска, кои го кршат владеењето на правото – рече неименуван соговорник на телевизија Н1.