Граѓаните го блокираа патот во белградската населба Котеж, барајќи да дојдат надлежните служби, откако нивните куќи беа поплавените од обилните дождови кои врнеа непрекинато 18 часа. Интервенирала и полицијата, откако насобраните граѓани не им дозволувале на возилата да поминат.

Како што јавуваат белградските медиуми, во некои од куќите имало и по половина метар вода. Околу 60 литри дожд паднаа во Белград за еден и пол час, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки институт.

Поради обилните дождови, пристапот на градот беше речиси целосно блокиран, а колоните на автомобили беа долги и по неколку километри.

На булеварот „Зоран Ѓинѓиќ“, водата достигна еден и пол метар.

Стотици автомобили, гаражи, подруми, бројни угостителски и услужни објекти се поплавени, а сериозно се загрозени и многу станови на приземје. Републичкиот хидрометеоролошки институт претходно ги предупреди граѓаните да не ги напуштаат домовите без потреба и да ги затвораат прозорците.