Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ ќе се кандидира за уште еден мандат за шеф на државата и ќе биде кандидат на партијата ХДЗ, најави премиерот и лидер на партијата, Андреј Пленковиќ.

Во однос на тоа дали Китаровиќ ја злоупотребила прославата на Денот на победата и татковинската благодарност за најава на новата кандидатура, Пленковиќ смета дека тоа се оценки на медиумите и нејзините критичари.

– Таа изјави дека дошла на Денот на победата како претседателка и дека ќе доаѓа и во следните пет години – нагласи хрватскиот премиер, додавајќи дека се останато е само интерпретација.