Заменик- генералниот секретар на НАТО Роуз Готемелер изјави денеска дека НАТО го поддржува формирањето војска на Косово и тој процес треба да се одвива во согласност со Уставот.

– Важно е Косово да го продолжи процесот на реформи, што вклучува формирање на професионални сили за безбедност. Ќе продолжиме да соработуваме со претставниците на Косово и да ја поддржуваме мисијата на КФОР на Косово. Сметаме дека е важно од базата Бонстил да се одржува безбедноста во регионот и да се помогне во формирање на професионална војска на Косово – изјави Готемелер пред Самиот на НАТО во Брисел.

Таа наведе дека НАТО силно го охрабрува продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ.

– Свесни сме за аспирациите на Косово за членство во ЕУ и НАТО. Многу е важно Приштина да го продолжи дијалогот со Белград и да биде успешен и да донесе решение – порача Готемелер.