Голем пожар избувна во хрватската престолнина Загреб во облакодер.

Пожарот избувнал на деветиот кат, но брзо се проширил на погорните катови. Противпожарните служби успеале да спасат осум луѓе, две кучиња и една мачка. Четворица се повредени, а пожарникарите морале да му пружат помош и на едно од кучињата бидејќи вдишало чад.

ЈВП Загреб на својата фејсбук-страница објави видео од спасувањето. Снимката е снимена со дрон и покажува како пожарникарите на голема височина се приближуваат до запален балкон.