Голем шумски пожар избувна на грчкиот остров Хиос, поради што локалните власти наредија евакуација на жителите од две населби, јави новинската агенција АНА.

Пожарот, кој избувнал околу десет часот утрово, се проширил поради силниот ветер, па локалните власти наредија евакуација на жителите од населбите Толопотами и Склавија.

Противпожарните служби веќе се на терен, а волонтерите им помагаат, додека наскоро се очекува пристигнување на четири противпожарни хеликоптери и два авиона.