Голем шумски пожар избувна денес на третиот крак во Грција. Огнената стихија избувна преку патот од Неа Рода, а манастирите на Света Гора не се загрозени.

Пожарникарите од земјата и морето се обидуваат да го изгаснат пожарот.

На теренот има 20 возила, 59 пожарникари, три авиони и еден хеликоптер.

Во гасењето на пожарот учествуваат и волонтери, пренесуваат грчките медиуми.